Снежна лавина во Норвешка усмрти 4 лица

Норвешките власти најавија дека ќе го евакуираат подрачјето на северот на земјата каде од лавини и одрони загинаа четири лица, меѓу кои и туристи од Словенија и Италија.

Норвешката полиција извести дека одлуката е заснована на препорака на Норвешкиот геотехнички институт и дека се однесува на неколку делови од арктичкиот град Тромсе.

Четири лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во три одвоени лавини во областа во петокот.

Норвешката новинска агенција NTB објави дека група скијачи туристи од Словенија била фатена среде лавина, а еден од членовите - маж на 40-годишна возраст загинал. Загинале и италијанска скијачка на 30-годишна возраст и Норвежанка на 60-годишна возраст, соопшти агенцијата.

Полицијата соопшти дека лавината во морето однела куќи и плевни, а неколку патишта се отсечени од остатокот од земјата.

Неколку лавини и одрони се регистрирани вчера во областа Тромсе. Полицијата ги советуваше жителите и посетителите да останат во затворен простор.

Црвениот крст соопшти дека ја следи ситуацијата и дека е подготвен да обезбеди храна и лекови со моторни санки и теренски возила во случај жителите на малите села во областа да бидат отсечени.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе