Собирање во групи причина за многу нови кластери со заболени во тетовскиот регион

Собирањето на луѓето во групи и непридржувањето до мерките и во тетовскиот регион е причината за драстичното зголемување на бројката на заболени со COVID-19 и создавањето на нови кластери. Вака ја окарактеризира големата бројка на нови заболени Наим Скендери специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје во Тетово.

– Денеска имаме 10 нови случаи во Тетово и околината. Од нив се повеќето луѓе што биле во контакт со заразено лице но има и нови кластери, што е најголемиот ризик јавувањето на нови кластери со тоа бројката ќе се зголемува. Имаме три нови кластери, а вкупната бројка беше околу 25 кластери. Општините Тетово со селата и Боговиње со селата ги имаат најголемиот број од случаите, рече Скендери. 

Тој посочи дека луѓето не треба да се релаксираат и да се придржуваат до мерките бидејќи вирусот сè уште е тука.

-Ситуацијата во Тетово и околината епидемилошки не е добра поради тоа што граѓаните за жал не ги почитуваат мерките кои се дадени од Министерство за здравство и Институт за јавно здравје. Периодот што следи нашиот апел ќе продолжи да биде каков што бил порано, да нема собирање на групи, да нема oдење на фамилијарни посети и обавезно носење на маски и социјална дистанца меѓу луѓето. Исто така да не се собираат како што гледаме во градот голем број луѓе пред банки, пошти, рече Скендери.

Според податоците на Министерствот за здравство во тетовскиот регион досега се регистрирани 161 заболен од кои активни 73, како и вкупно 15 смртни случаи.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Македонија

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more
 

Вести

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе