Собрани милион евра за поддршка на полицаецот што го уби тинејџерот во Франција

Макфакс/Кајгана
/ 03.07.2023 / 15:23

Во Франција досега се собрани над милион евра во кампањата за помош организирана за поддршка на полицаецот што го уби 17-годишниот Нахел со алжирско потекло.

Собирот на средства го почна екстремниот десничар Жан Месја на платформата GoFundMe и досега се собрани 1.048.350 евра.

Жан Месја, кој е близок до екстремно десничарскиот Ерик Земур, изјави дека кампањата за донации бргу се зголемила на лимитот од 1 милион евра и рече: „Ќе покажеме колку ја сакаме нашата полиција“.

 

Баба му на починатиот Нахел, Надја, рече дека собирањето средства ѝ го скршило срцето. Говорејќи за BFMTV, Надја рече дека „има доверба во правосудниот систем, а полицаецот ќе биде казнет како и сите други“.

Според Жан Месја, полицаецот обвинет за присилно убиство, ја извршил својата должност и сега плаќа за тоа.

„Макрон го презеде случајот на Нахел. Ние го презедовме случајот на полицијата и жандармеријата“, рече политичарот во изјава за CNews.

Оние што реагираа на поведувањето на кампањата за донации на социјалните мрежи апелираат кампањата да се повлече.

Според француските медиуми, кампањата за собирање средства за поддршка на жолтите елеци обвинети за насилство во 2019 била цензурирана од владата.

Инаку, и самиот Месја е со имигрантско потекло, како и убиениот тинејџер Нахел. Месја е и роден во Египет, како Хосан Бутрос Месиха, етнички Копт, а кога имал 8 години со родителите се преселил во Франција, каде потоа и си го променил името во Жан Месја.

Жан Месја
Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Свет

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Read more

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Read more

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Read more

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Read more
 

Вести

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акумулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе