Сочно свинско полнето со овошје и зеленчук - гурмански ручек за целото семејство

Ако уживате во јадењето месо, ќе бидете воодушевени кога ќе се подготви на овој начин. Маринадата со ореви и филот од овошје, зеленчук и кашкавал го прави ова јадење превкусно.

Доколку барате поинаков рецепт, но со кој нема да погрешите по вкус, ви го предлагаме овој. Направете печено свинско месо кое прво се маринира во слатко-кисел прелив со ореви, а потоа се полни со овошје, зеленчук и кашкавал. Вака подготвеното свинско месо е неверојатно вкусно, а за прилог доволно е да послужите само салата.

Потребни состојки:

  • 2 кг свинско
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици сенф
  • 4 лажици масло
  • 4 лажици соја сос
  • 1 лажичка зачин за месо
  • 1 лажичка блага пипер
  • 100 гр ореви
  • 250 гр кашкавал
  • 2 домата
  • 5 печурки
  • 1 круша

Подготовка:

Во сад ставете мед, сенф, масло, соја сос и сè убаво измешајте. Потоа додадете зачин за месо и блага пипер, па измешајте. На крајот додадете ситно сечкани ореви.

Исечете го месото како да ќе правите шницли, но не сечете до крај. Треба да ви остане целото парче месо. Ставете го во огноотпорен сад и премачкајте го со добиената маринада и покријте го со проѕирна фолија. Оставете да се маринира околу 2 часа.

Исечкајте ги кашкавалот, доматите, крушата и печурките. Наредете ги во празнините на месото, па повторно премачкајте со преостанатата маринада.

Покријте со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 180°C околу 60 минути. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 30 минути.

За послужување комбинирајте со салата по избор.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Рецепти

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе