Сојузот на средношколци и во понеделник нема да се вклучи на настава

Скопје, 30 јануари 2021 (МИА) – Очекуваме и бараме поддршка од сите пратеници и сите политички партии за нашите барања во врска со државната матура, затоа што овие барања не смеат да бидат политизирани, изјави денеска претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи по состанокот што Сојузот го одржа со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што информира Ходаи, Генералното собрание на Сојузот на средношколци на денешниот состанок што ќе се одржи попладнево ќе одлучи дали ќе бојкотираат или протестираат во текот на наредните денови. Сепак, како што додаде, во понеделник нема да се вклучат во наставата.

-Тоа што го знам е во понеделник е сигурно дека нема пак да се вклучиме во настава затоа што матурантите низ целата држава се фрустрирани и ние не можеме да носиме одлуки против нивниот интерес, додаде Ходаи.

На средбата со групата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, се дискутирало за барањето на Сојузот за државната матура, поточно за намалување на бројот на предметите од четири до два.

Ходаи потсети дека во четврток доставиле писмо за поддршка до сите пратеници во Собранието и како што рече, и наредниве денови ќе бараат поддршка за нивните барања да бидат дискутирани во јавна дебата во Собранието.

-Ние денеска како Сојуз на средношколци сме многу отворени за сите да ги дискутираме нашите барања со сите пратеници на сите политички партии затоа што сметаме дека овие барања не треба да бидат политизирани. Ова е нешто што го сака мнозинството на матуранти кои се во нашата држава, додаде претседателот на Сојузот.

Прашан дали до сега добиле одредени притисоци од директорите или наставниците, Ходаи рече дека нема многу информации околу притисоци од другите страни или градови. Сепак појасни дека доколку има одредени „скриншоти“, аргументи или факти дека има притисоци, истите веднаш ќе бидат објавени.

-Јавноста треба да знае дека никој нема право да ги врши притисоци или закани до матурантите, рече Ходаи.

Игор Здравковски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска по средбата со Сојузот на средношколци изјави дека го примиле барањето од Сојузот, и оти како ВМРО-ДПМНЕ и како дел од Комисијата за образование и наука и спорт која што е матично тело во ова Собрание одговориле на ова барање, и сметаат дека апсолутно имаат право да си ги бараат средношколските права.

–Како ВМРО ДПМНЕ сметаме дека апсолутно имаат право да си ги бараат своите средношколски права поради сите овие околности коишто се настанати  од ковид пандемијата. Со ова не се прекршува ниту Уставот, ниту законите и затоа имаат асполутна поддршка. Ќе пробаме да ги искористиме сите алатки кои ни стојат на располагање за да ги актуелизираме ова прашање, додаде Здравковски.

Прашан дали како пратеничка група ќе иницираат законски измени во Собранието, Здравковски одговори оти разговараат, ги разгледуваат сите опции, имаат јавна расправа и постои опција да се стави ова како предлог закон на Комисијата за образование, наука и  спорт.

-Имаме исто така опција да предложиме на седница да одиме директно на пленарна седница со ваква точка. Сакаме да добиеме широка поддршка дури и од овие кои што се претставници на Комисијата нод мнозинството за заеднички да донесеме што е можно побрзо решение, затоа што има и некои рокови што се проблематични што понатаму доколку се одложи целиот овој процес, би претставувало проблем за средношколците, посочи Здравковски.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе