Сончогледово масло мешале со боја и го продавале како маслиново, уапсени татко и син

Макфакс/Кајгана
/ 06.02.2024 / 08:20

Грчките власти неодамна уапсија татко и син во близина на Солун и ги обвинија дека продавале сончогледово масло означено како маслиново масло.

Полицијата открила околу 13 тони сончогледово масло купено во Бугарија. Двајцата мажи, наводно, додале боја на сончогледовото масло за да се обидат да го продадат како премиум екстра маслиново масло, вообичаена тактика на измамниците.

Дел од фалсификуваните производи се продавале во Бугарија, а остатокот се дистрибуирале во Грција, извести полицијата. Таткото и синот беа привремено ослободени во очекување на понатамошна истрага, бидејќи примероците од масло беа испратени во лабораторија за анализа за да се провери за потенцијална штета предизвикана од додадени бои.

Измамите со маслиново масло како оваа стануваат сѐ почести бидејќи нивните цени се тројно зголемени од 2019 година. Полицијата неодамна приведе 11 лица во Шпанија и Италија и заплени повеќе од 260.000 литри лажно маслиново масло.

Во ЕУ просечната цена на маслиновото масло се зголеми за 75%, во Шпанија за 150%

Во ЕУ, просечната цена на маслиновото масло се зголеми за 75% од јануари 2021 година, а во Шпанија, најголемиот производител, се зголеми за 150% во последните две години, поради што некои супермаркети поставија безбедносни ознаки или катанци и синџири за да се спречи кражба.

Најважната шпанска деловна организација, CEOE, рече дека во 2022 година имало зголемување од 30% во повторените кражби насочени кон трговците на мало, и дополнителни 12% досега во 2023 година.

Шпанија, најголемиот светски производител и извозник на маслиново масло, со месеци е погодена од интензивна суша

Втора година по ред сушите предизвикуваат намалување на глобалното производство на маслиново масло. Меѓународниот совет за маслинки процени дека производството ќе се намали на 2,4 милиони тони, што е далеку под светската побарувачка од приближно три милиони тони.

Шпанија, најголемиот светски производител и извозник на маслиново масло, со месеци е погодена од интензивна суша. Производството на маслиново масло во Шпанија падна на околу 610.000 тони – помалку од 50% од вообичаените 1,3 до 1,5 милиони тони, според Mintec, фирмата за истражување на пазарот на суровини.

Кражбите на маслиново масло стануваат сѐ почести во Шпанија

Зголемените цени на „течното злато“ поттикнаа зголемен број кражби. На крајот на август од шпанската семејна фабрика за масло Marín Serrano El Lagar исчезнаа околу 50.000 литри екстра девствено маслиново масло, вредно повеќе од 420.000 евра.

Непосредно пред тоа, крадци украле 6.000 литри екстра девствено маслиново масло, вредно 50.000 евра, од фабриката за масло Terraverne.

реклама

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе