Сонот не познава граници - првите глувонеми претприемачи во земјава во новата епизода на ТВ Такси 28

Хероите кои прават тектонски промени секогаш се издвојуваат од толпата. Токму затоа главните актери на „ТВ Такси 28“ – Ана, Стефан и Стрезо одлучија да ја споделат приказната на првите глувонеми претприемачи во земјава, Радмила и Мартин, кои со нивните вешти раце прават извонредни пици и при тоа рушат бариери.

Во нивната пицерија „Улаф сте“ што се наоѓа во Битола, гостите имаат можност да пробаат превкусни пици, но и да поднаучат знаковен јазик, па со тоа полесно да комуницираат со глувонемите лица, што е еден од чекорите кон понапредна инклузија на лицата со попреченост во нашето општество.

И покрај институционалните и комуникациските препреки, храбрите Мартин и Радмила без задршка го оствариле својот сон и секојдневно работат со цел подобрување на можностите за глувонемите лица.

„Државниот систем нема начин да препознае. Ние сме првата фирма со глуви претприемачи, единствената која се појави. Збунети се, нема некој систем, упорни сме, викаме, а тие ни велеа полека, полека... Храбри сме, не ни е лесно, во иднина ќе видиме, се бориме да има систем“, наведе Мартин.

Неговата цел е да биде инспирација за останатите лица со попреченост да си започнат свои бизниси, и тоа да биде еден од начините да се зголемува инклузивноста.

„Моја препорака е да се стремат кон подобри цели, кон рамноправност, кон достапност, да се поттикнуваат глувите лица да отвораат фирми, да ги имитираат постоечките, да не бидам единствениот“, рече Мартин.

Радмила раскажа за начинот на нивното функционирање со гостите и како ги надминувале препреките за комуникација со нив.

„На почетокот нарачките се правеа преку Viber, се допишувавме со пораки, беше тешко, но успеавме, или лично доаѓаа и сами избираа од менито. Но сега имаме нова апликација за нарачки. Благодарни сме им на групата студенти од државниот факултет кои ни ја подарија оваа интернет алатка, со која може да се направи онлајн нарачка. Ова ќе помогне за развој на бизнисот“, објасни Радмила.

Нивната пицерија е накитена со знаковна азбука, а исто така имаат изготвено и картички со знаковна азбука кои ги подаруваат на гостите кои имаат интерес да научат.

Инклузија во пицерија – вистински пример за тоа како се гради рамноправен свет!

Можете да ја погледнете целата епизода:

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе