Сопругата на Ди Марија: Англија е дупка

„Девојките се преслаби и како кукли, на улица мислиш ќе те убијат, а храната е одвратна... Англија е дупка!“, вели животната сопатничка на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Анхел Ди Марија летото 2014 реши да го напушти Реал Мадрид и да се пресели на „Олд Трафорд“ потпишувајќи 5-годишен договор. Тој потег воопште не наишол на воодушевување кај неговата сопруга Хорхелина Кардосо.

„Се сеќавам кога дојде Анхел и рече 'Стигна понуда од Манчестер Јунајтед. Веројатно ќе добиеме поголема финансиска сигурност...' Се каравме поради тоа. Му реков дека нема шанси да одам, дека тој може сам да оди. 'Ама ајде, ајде да одиме' одговори тој“, раскажува Хорхелина во емисијата Los Angeles de la Manana.

„Многу пари беа во игра па потоа Шпанците почнаа да нѐ викаат песетерос (луѓе кои ги интересираат само пари). И беа во право! Ако работиш за некоја компанија и некој конкурент ти понуди дупла плата, ќе прифатиш“, признава таа.

„Не сакав да одам во Манчестер затоа што во тоа време бев другарка со Жанина Марадона, која беше во брак со Кун Агуеро. Од Мадрид летнавме кај нив на 2-3 дневна посета кога Ангел имаше неколку слободни денови. Беше ужасно! Сѐ беше ужасно. Отидовме во куќата и бевме како 'Дечки, се гледаме. Ние бегаме од тука'. Кога заминавме, му реков 'Оди во било која земја, само не Англија'. Сепак, една година подоцна ете нѐ во Англија и беше ужасно, дупка“.

Хеорхина во Манчестер не успеала да пронајде ништо позитивно. За животот во Англија има само негативни зборови.

„Се шеташ по улица и не знаеш дали ќе те убијат или слично. Храната е одвратна. Сите девојки се како кукли, преслаби, перфектно нашминкани и потоа таму сум јас со мојата коса како џбун и без шминка“.

За нејзина среќа, ништо не испадна од 5-годишниот договор на Анхел бидејќи од Манчестер си замина веќе наредното лето и тоа во ПСЖ, каде настапува и ден денес. Со Хорхелина се во брак од 2011 година и имаат една ќерка по име Пија.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе