Совет: Слободно каснете си!

Кога си забранувате одредена храна, односно кога ќе ја елиминирате од вашата исхрана без вистинска причина, тоа може да направи само да ја посакувате повеќе од порано.

И тоа има смисла: го сакаме она што не можеме да го имаме, без разлика за што станува збор - кадрава коса ако имаме права или чоколадна торта ако сме си забраниле да ја јадеме. Затоа е важен советот да не си забранувате никаква рана.

„Не можам да го јадам ова!“

Ако си кажете дека, на пример, лебот е многу „лош“ и дека грицките ве „убиваат“, па затоа не ја консумирате оваа храна некое време, ќе се случи токму тоа. И нема да ви биде важно каков вкус има таа храна, ниту колку е квалитетна, туку само да ја изедете баш таа храна. Кога умот и телото ни кажуваат дека сакаме нешто, факт е дека не можеме да го игнорираме толку лесно.

Овие, сепак, се двата најважни гласови во нас. Затоа, не си ја забранувајте храната што ја сака вашиот ум и тело, бидејќи ќе се борите со себеси. И не само што ќе го посакате она што самите сте си го забраниле, туку ќе го посакате токму тоа во исклучително големи количини кои во никој случај не се добри за вас.

Бидете свесни за храната што ја внесувате во вашето тело

Откако ќе го разберете тоа, обидете се да развиете таква стратегија за исхрана во која ќе бидете свесни за сè што јадете. Позната е теоријата дека најздравите навики во исхраната доаѓаат кога не си забрануваш некоја храна, туку кога јадеш што сакаш и кога сакаш. Значи, ако вашиот сегашен избор е некој чипс, тогаш треба да си каснете и да уживате во вашиот избор.

Особено е интересно што таквата филозофија на исхрана ќе доведе до драстично помала желба за некоја храна што мислите дека не треба да ја јадете. Едноставно, кога не си забранувате никаква храна, можете слободно да јадете сè, и со самото тоа не сакате храна што некогаш сте ја замислувале како „задоволство“ и која би ја јаделе само скришум.

Како се чувствувате кога јадете одредена храна?

Ако не си забранувате никаква храна, можете да одлучите што сакате да јадете врз основа на тоа како одредена храна прави да се чувствувате. Значи, ако знаете дека по јадење преголема количина од некоја храна ќе се чувствувате тромаво и раздразливо, сигурно ќе ја избегнувате поради тоа чувство, а не затоа што не смеете да ја ајдете. Секако, нема да ви штети ако повремено се „препуштите“ на некоја храна.

Всушност, уживањето во мали порции е можеби најдобриот режим на кој можете да се држите во вашата исхрана. И на крајот на денот, нема да чувствувате потреба да се препуштите на некоја храна и да се прејадете. Ќе можете да уживате во нејзиниот вкус и да бидете задоволни откако ќе ја јадете, без да имате потреба од преголема количина.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе