Совети за несоница: Војнички метод за заспивање за 2 минути

Оние кои се борат за полесно и брзо заспивање, постојано бараат нови техники. Меѓу можеби најефикасните е војничкиот метод „Заспивање за 2 минути“ што го користат американските војници и пилоти, појаснува д-р Линдзи Браунинг. Таа верува дека оваа техника е делотворна и им ја препорачува на луѓето со несоница.

„Методот делува бидејќи ве тера да ги опуштите мускулите на вашето тело, наместо да дозволите несаканите мисли да ви го преплават умот“, вели д-р Браунинг.

Овој метод првпат е спомнат во книгата „Relax and Win: Championship Performance“ (Опушти се и победи: Шампионска изведба) од 1981 година. Се тврди дека има 96% успешност по 6 недели вежбање.

Се почнува со опуштање на мускулите на челото, очите, образите, вилицата и сосредоточување на дишењето. Особено рамената да не се напнати… Се спуштаат колку што може пониско и рацете, дланките и прстите се држат опуштени крај телото. Потоа, земете длабок здив и полека издишувате, опуштајќи ги градите, стомакот, бедрата, колената, нозете и стапалата.

Потоа, замислете две „сценарија“. Прво – лежите во чамец среде мирно езеро, нема ништо, само синото небо над Вас. Второ – лежите во црна мека лежалка во темна соба. Ако почнете да размислувате за нешто друго, повторете го зборот „не размислувај“ 10 секунди.

Според д-р Браунинг, луѓето често не можат да заспијат бидејќи нивните умови се „премногу зафатени“ со други грижи или се вознемирени.

„Воениот метод на заспивање е многу сличен на техниката за прогресивна мускулна релаксација што им ја посочувам на моите клиенти со несоница. Постојат и други техники со кои можете да се обидете полесно да заспиете, како што се бавно длабоко дишење или броењето“, додава таа.

Проблемот со несоницата е тешко да се реши со обични техники за опуштање, ако тој е потежок и, во тој случај веројатно ќе треба поопсежна стручна помош.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе