Советот на јавни обвинители објави листа со 4 кандидати за основен јавен обвинител - на неа и Рускоска

Советот на јавните обвинители на РСМ ја изготви листата на пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите за избор на основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

На листата се четворица кандидати: Ислам Абази, Ермон Незири, Деса Пауновска и Вилма Рускоска, откако Енѓелуше Кадриу-Леши ја повлече пријавата.

Според избирачки список, 163 јавни обвинители од земјава в понеделник на 7 ноември ќе гласаат за избор на нов шеф на ОГО ГОКК. Гласањето, како што појасни за МИА претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, ќе биде од 8 до 16 часот, по што Советот ќе направи јавно сумирање на резултатите.

На огласот за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Скопје беа пријавени петмина кандидати, но јавните обвинители ќе избираат меѓу четворица кандидати - Пауновска и Абази кои доаѓаат од Вишото обвинителство - Гостивар, Незири од скопското Обвинителство и суспендираната шефица на ОЈО ГОКК - Рускоска.

Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија.

Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доставуваат резултатите, а Советот во рок од 7 дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Рускоска, трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од 4 години од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Македонија

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more
 

Вести

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе