SpaceX покажа како ќе изгледа лансирањето на Starship

Американската вселенска компанија SpaceX покажа како ќе изгледа лансирањето на ракетата Starship.

SpaceX и директорот Илон Маск објавија новости за Starship, а во текот на презентацијата е демонстрирано како ќе изгледа лансирањето на оваа ракета. Starship системот се состои од леталото Starship на врвот на Super Heavy ракетата, а SpaceX моментално работи на тоа целиот систем да може повторно и брзо да се користи за патување на Месечината и на Марс.

Откако ќе ја напушти Земјата, ракетата ќе се одвои и ќе се врати на лансирната кула, додека леталото ќе продолжи да патува до својата дестинација пред и тоа конечно да се врати на нашата планета.

Маск вели дека ракетата ќе мине во воздух 6 минути, две во лет кон горе и четири при спуштање, а во иднина овој систем би можел да се користи повторно на секои шест до осум часа за до три лансирања дневно.

Од SpaceX велат дека овој систем е брз и употреблив повеќе пати и е клучен за истражување ѕвезди. Во сегашната верзија Super Heavy има 29 Raptor мотори, но тој број ќе се зголеми на 33. Станува збор за втора верзија на Raptor мотори која има целосен редизајн, а чини двојно помалку и потребни се помалку делови.

Освен што може да понесе стотина тони товар во вселената, Starship може да донесе револуционерни промени во вселенските патувања, Маск откри дека лансирањето би чинело помалку од 10 милиони долари по лет и тоа за две или три години.

Само за споредба, лансирањето на ракетата Falcon 9 изнесуваше околу 60 милиони долари.

Ракетата треба да добие дозвола од федералната администрација за авијација, а Маск изјави дека не знае до каде е работата околу тоа. Постојат можности еколошката процена да биде објавена во март, а SpaceX очекува ракетата до тогаш да биде подготвена.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе