SpaceX успешно лансираше GPS сателит од новата генерација кој ќе се користи и за воени цели

Компанијата SpaceX успешно лансираше нов GPS сателит во орбитата, за потребите на американската војска, пренесува CNN.

Лансирањето на новиот GPS сателит ги продолжува напорите за зајакнување на констелацијата на сателити за глобално позиционирање и навигација, кои се користат за воени операции и многу повеќе.

GPS сателитот беше лансиран со помош на ракета Falcon 9 од Кејп Канаверал, Флорида, а SpaceX потврди дека мисијата е успешно завршена. Станува збор за сателит од новата генерација наречен GPS III, кој е во орбита на 20.000 километри над површината на Земјата. Во моментот има повеќе од 30 GPS сателити во таа орбита кои ја обиколуваат планетата за 12 часа додека континуирано емитуваат радиосигнали за да ја одредат прецизната локација на објектите на земјата. Новата генерација сателити GPS III, произведени од Lockheed Martin, ќе го модернизираат целиот систем. Планот е да се произведат до 32 сателити, вклучувајќи ги и шесте лансирани од 2019 година до денес.

URL

Иако GPS услугите главно се во служба на мобилните телефони, Lockheed Martin соопшти дека тие служат и за воени цели.

„Вселената стана спорна средина со сè поконкурентни противници. На нашите војници им требаат подобрени способности за да се справат со заканите. Потребата да се префрли фокусот назад на GPS како систем за борба никогаш не била појасна“, велат од Lockheed Martin.

Претходната генерација на GPS сателити влезе во употреба на крајот на деведесеттите години на минатиот век.

Откако ракетата Falcon 9 беше лансирана од Кејп Канаверал и потроши најголем дел од горивото, првата фаза се одвои од втората и слета на платформа на море. Ова е веќе рутински маневар за SpaceX, која редовно ги враќа своите ракети и повторно ги користи, а со тоа ги намалува трошоците.

Првата фаза што се користеше за лансирање на GPS сателитот претходно беше искористена за мисијата Crew-5 на SpaceX, која превезе четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица во октомври.

Тагови
реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе