SpaceX виновен за мистериозната спирала на небото над Хаваи

На официјалниот YouTube канал на телескопот Subaru, со кој управува Националната астрономска опсерваторија на Јапонија, е споделено видео на кое се гледа мистериозен вител на светлина во форма на спирала што накратко се појавува на ноќното небо над Маунакеа на Хаваите.

„Навистина необична глетка! Некаква идеја што е тоа? Нашите воодушевени гледачи го открија овој редок настан. Видеото е од нашата камера Subaru-Asahi STAR, заеднички управувана од НАОЈ (Subaru телескопот) и Asahi Shimbun (јапонска новинска компанија)“, се вели во објава на YouTube.

Според Националната астрономска опсерваторија на Јапонија (НАОЈ), се покажа дека зашеметувачката спирала се состои од замрзнато ракетно гориво исфрлено за време на лансирањето на ракетата SpaceX.

Remote video URL

Интернет корисниците брзо реагираа на видеото. Беа заинтригирани од мистериозната летечка спирала и бараа објаснување. Некои корисници дури правеа шеги за вонземјани и вселенски бродови.

„Боже господе, Андромеда пристигна 4 милијарди години порано!!“ напиша еден корисник. „Еј Илон Маск, дали си ова ти или вонземјани?“, коментираше друг.

Како што објави Space.com, виновникот за спиралата лежи во лансирањето на SpaceX ракетата Falcon 9 која се крена од вселенската станица „Кејп Канаверал“ на Флорида на 18 јануари. Во извештајот се споменува и дека вакви спирали биле забележани и во минатото. Обично се појавуваат кога Falcon 9 исфрла вишок гориво во горната атмосфера.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе