Спасовски: Апсолутно е неприфатливо да се промовира начин на однесување преку ликови кои биле дел од фашизмот

Денешните протести во врска со отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид заврши без посебни нарушувања на јавниот ред и мир, а наспроти шпекулациите, немало никакви обиди за судир со полицијата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Јас го разбирам протестот кој го изразуваат граѓаните како најсилно право да го искажат тоа што го размислуваат. Лично јас, осудувам отворање на таков клуб во Република Северна Македонија, посебно во Охрид. Зошто, заради тоа што ние сме држава која е родена на придобивките на НОБ. Тие придобивки ги чуваме и ги негуваме заради тоа што на тој начин ја чуваме државата. Во идеолошка смисла јас сум следбеник на тие политики и мислам дека е апсолутно неприфатливо да биде промовиран начинот на однесување преку ликови кои биле дел од фашизмот, порача Спасовски во денешното интервју за Макфакс. Запрашан какво влијание ќе имаат актуелните случувања и константното провоцирање од бугарска страна со компромитирачки имиња од бугарската историја врз безбедносната состојба во државата, министерот Спасовски рече дека во смисла на безбедноста не може да има сериозни нарушувања, бидејќи тоа се маргинални групи, кои заради некакви лични интереси, финансиски интереси, успеваат да ги ангажираат и да бидат дел од некакви процеси овде.

– Најголемото мнозинство од македонските граѓани не ги поддржуваат тие придобивки, туку придобивките кои се база, темел на македонската држава. Затоа е и мојот став таков, личен став, но и став на градот од кој доаѓам. Куманово е град кој жестоко се спротивставил на фашизмот и тоа го направиле плејада на македонски граѓани кои заеднички се бореле против фашизмот, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека многу е нелогично што од една страна барањата на Бугарија се дека не треба да се нарекуваат фашисти, наспроти историските факти дека во одреден период на историјата биле на страна на фашизмот, што од друга страна, воопшто не кореспондира со овие настани кои сакаат да ги промовираат во Северна Македонија. – Едно со друго не оди! Едноставно, мора да се определиме кон иднината, мора да имаме визија за иднината на државата, на граѓаните. Ретроградните процеси нема да придонесат за ништо добро за било кој што живее во Република Северна Македонија, подвлече министерот Спасовски.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе