Спасовски: Нема настан на кој полицијата не постапувала и поднела соодветни пријави за секое групирање

Во Собранието на денешната 30-та седница во попладневиот дел од работата без дискусија и во прво читање поминаа повеќе закони од сферата на одбраната, внатрешни работи, здравство, земјоделство и финасирање. Пратениците по овие закони дополнително ќе гласаат кога ќе се создадат услови за тоа.

Куса расправа имаше само во врска со Предлогот законот за изменување на Законот за полиција, во прво читање. Пратникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски праша зошто со измените, меѓу другото, се врши бришење на одредбата со која полицијата води евиденција за лица за кои е извршена безбедносна проверка. Тој упати и забелешка дека полицијата постапува селективно во различни подрачја во земјава во однос на групирања на граѓани во услови на ковид-криза.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека безбедносната проценка се брише од Законот за полиција затоа што таа проценка преминува во надлежност на новоформираната Агенцијата за национална безбедност.

Во однос на тоа дека полицијата постапува селективно при групирања на граѓани во услови на пандемија, Спасовски рече дека нема ниту еден настан на кој полицијата не постапувала и поднела соодветни пријави за секое групирање. За протестот од петокот, рече, има и кривични и прекршочни пријави, а најави дека јавноста ќе биде информирана деновиве.

– Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено, завршено до крај од одделот за насилен криминал и Јавното обвинителство.Така што, никаде и во ниту еден момент нема состојба во која што не се преземаат дејствија и одредени активности, само се прави една проценка за тоа како и на кој начин да ја сочуваме состојбата на едно задоволително ниво и да не настанат поголеми штети, рече Спасовски.

Претходно денеска во Собранието се гласаше само за Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за COVID-19 во земјата. Законот беше донесен со 70  гласа „за“, а беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе