Спасовски: Нема никаков договор за Мијалков

 

Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) – Апсолутно, тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се исклучуваат една од друга. Ако некој со некого се договарал, за што се договарал, да избега или да се врати повторно пред лицето на правдата, кој е тој договор што е правен и со кого бил правен? Никакви договарања нема и нема да има со било кого, а секој еден што носел какви било одлуки спротивни на закон, спротивни на интересите на граѓаните и на државата, треба во секој момент да излезе пред лицето на правдата и да понесе одговорност.

Вака одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашањето од пратеникот Игор Јанушев од ВМРО – ДПМНЕ на денешната собраниска седница во врска со актуелните случувања со Сашо Мијалков.

–  Апсолутно, ние и сега покажавме, а и од почетокот кога се отворија постапките дека правда мора да има за секого во оваа држава без разлика кој е тој и на каква позиција се наоѓа. И ова што сега го направија институциите со приведувањето на Мијалков и неможноста да избега од правдата. Впрочем никој не избегал од правдата и ниту еден од тие да избегаа и што правеле каква било штета на граѓаните и на држават, нема да избегне да се соочи со правдата. Во тој дел сите да бидеме на јасно, рече Спасовски.

Кога зборуваме за правда, за постапки, за се што се случува околу правдата можеби, му се обрати на Јанушев министерот за внатрешни работи, вие сте најдобриот соговорник со кој може да разговараме.

– Осомничен за криминал и од СЈО и сега се води постапка во Јавното обвинителство, другар партиски, по криминал, другар по мафијаштво на Груевски и на Мицкоски, и сега за кого и во кого треба да се има верба. Криминалот и корупцијата се одлика на вашето време и времето во кое вие успеавте да воспоставите начин на функционирање во тој момент на режимот таков каков што беше. Тоа го кажувам само околу кредибилитетот, секогаш крадецот вика „Држте го крадецот“ и прашува зошто се водени такви постапки, изјави Спасовски.

Јанушев во реплика истакна дека е евидентна нервозата кај Спасовски и потенцира дека ниту е осомничен, ниту се води некоја постапка против него.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Македонија

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Read more

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе