Спасовски: Законот за матични броеви за лицата без државјанство ќе помогне 700 граѓани да ги остварат своите права

Министерот Оливер Спасовски одговарајќи денеска на прашањата на новинарите на „Денови на отворен кабинет“ во Струга се осврна на вчерашното носење на законот за матични броеви за лицата кои немаат државјанство со кој над 700 граѓани се стекнуваат со државјанство.

„Тоа е еден од проблемите за кој што многу се зборуваше изминатиот период. Вие знаете дека ние имаме донесено посебен закон за регистрирање на лицата кои што се родени на територијата на државата, а не биле запишани досега во матичните книги на родените. Им се издаваа евиденциони листови со кои што можеа да користат дел од своите права. Меѓутоа благодарение на дебатата која што се разви во Собранието, заедно со институциите, направивме измена на законот, на предлог на пратениците во Собранието, и на тој начин практично се решава проблемот со сите тие седумстотини лица, ќе имаат можност да бидат запишани во матичната книга на родените и на тој начин да ги остварат сите права и обврски кои ги имаат како државјани на Република Северна Македонија“, истакна Спасовски.

Тој потенцираше дека носењето на законот претставува решение на еден проблем кој практично ќе ја подобри и меѓународната позиција на Република Северна Македонија.

„Знаете дека ние сме потписници на Конвенцијата за лица без државјанство на Обединетите Нации и работејќи токму на остварување на оваа цел, тоа е крупен чекор којшто е направен овој период“, истакна Спасовски.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ВРЕДИ: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Read more

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Read more

Метеоролозите најавуваат поројни дождови попладнево и нестабилно време до четврток

Read more

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Read more
 

Вести

Зошто Германија станува сè порадикализирана?

Читај повеќе

ВРЕДИ: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Читај повеќе

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Читај повеќе

Израелски тенкови влегоа во Рафа, стигнаа до станбени области

Читај повеќе

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Читај повеќе

Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои се со по стотици убоди

Читај повеќе

Метеоролозите најавуваат поројни дождови попладнево и нестабилно време до четврток

Читај повеќе
  • play_arrow

Во Индија падна огромен билборд, загинаа 14 лица

Читај повеќе

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе