Средба на Димитров и Османи со Лајчак: Македонската европска приказна е пример за другите држави од регионот

Европската перспектива на Северна Македонија, добрососедските односи, регионалните иницијативи, како и очекувањата во периодот што претстои, беа главни теми на денешната средба во Брисел на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбат едногласен беше заклучено дека Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со Европската Унија, при што беше потенцирано дека земјата е успешна европска приказна во регионот, а со тоа и пример за другите држави од Западен Балкан – јасно прикажувајќи ја трансформативната моќ на европската идеја.

– Од тие причини, европската перспектива на Северна Македонија мора да продолжи без разлика на предизвиците на овој пат. Тоа ќе биде потврда за одржувањето на политиката на проширување на агендата на ЕУ, но и дека вистинското инвестирање во реформите и во добрососедските односи значат и сигурен влог во подобра иднина за граѓаните, заклучено е на состанокот.

Во оваа прилика Османи и Димитров посочиле дека земјава високо ја цени улогата што од страна на ЕУ му е доделена на амбасадорот Лајчак како посредник во разговорите помеѓу Србија и Косово, како и на други прашања во регионот.

– Во тој контекст, од македонска страна на средбата беше нагласено дека како непосредни соседи имаме особен интерес од успех на дијалогот Приштина-Белград, посредуван од ЕУ. Приближување на ставовите на двете страни и нормализацијата на односите меѓу двете земји ќе претставува огромен влог во стабилизацијата и европеизацијата на целиот регион, се додава во соопштението.

Работната посета на Брисел Димитров и Османи ја заокружија со работен ручек со претставници на Генералниот директорат во Европската комисија за соседство и проширување, на кој беа разменети мислења за постигнувањата и идните реформски планови.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе