Српската кирилица е „број еден во светот“

Германскиот офталмолог д-р Вернер Вебер ја нарече српската кирилица „број еден азбука во светот“. Докторската дисертација ја одбрани во Лајпциг во 1937 година на тема „Азбуки на светот“ кога утврди дека српската кирилица е „празник за очи“.

Според него, ова писмо најмалку ги заморува очите, поради што ја понесе титулата „број еден азбука во светот“.

Познатиот ирски драматург Џорџ Бернард Шо исто така сметал дека српската кирилица е најсовршената азбука во светот. Во својот тестамент, тој му оставил сума од 367.233 фунти на Англичанецот кој ќе успее да ја поедностави англиската азбука по моделот на кирилицата на Вук (една буква - еден глас).

Српската азбука е азбука за пишување на српскиот јазик, и ја наоѓаме во две варијанти: кирилична (т.н. „Вуковица“) и латинична (тн. „Гаица“). Адаптацијата на кирилицата посебно за српскиот јазик била направена во 1818 од српскиот лингвист Вук Караџиќ. Латиничната азбука пак, е заснована на гаицата.

Караџиќ ја засновал неговата азбука на кирилицата, на едноставниот принцип „Пишуваj како што зборуваш и читај како што е напишано“ (срп. Пиши као што говориш и читај како је написано). Српската латиница е иста со хрватската азбука, во главно дело на Људевит Гај. Двете азбуки се користат наизменично.

Кирилицата е потрадиционална, и ужива официјален статус во Србија и Република Српска (БиХ), иако латиницата зела голем замав низ 20. век. Српската латиница почесто се користи во Црна Гора. Српскиот јазик и кирилицата исто така имаат официјален и рамноправен статус во Босна и Херцеговина (на федеративно ниво), во Брчко и во Федерацијата Босна и Херцеговина.

Заедно со делата на Крсте Мисирков и Венко Марковски, српската азбука била искористена како основа на македонската азбука.

Уникатни букви

Лигатурите Љ и Њ, заедно со Џ, Ђ и Ћ биле специјално измислени за српската азбука. Караџиќ ги засновал буквите Љ и Њ на идејата на Сава Мркаљ, комбинирајќи ги буквите Л и Н со мек знак (Ь).

Караџиќ го засновал Џ на буква од романската кирилица.

Ћ го претставувала звукот ʨ (по МФА). Буквата била заснована на, и прифатена од, буквата Ѓерв, глаголска буква од 12. век. Ова буква се користела во пишаниот српски од 12. век, и ги означувала г', д' и африкативните звуци дж'.

Караџиќ ја прифатил идејата на Лукијан Мушицки за буквата Ђ. Била заснована на буквата Ћ, според адаптацијата на Караџиќ.

Ј била преземена од латиницата.

Љ, Њ и Џ подоцна биле преземени во македонската азбука.

Фонетската азбука на Вук (име по името на буквата: А - аз, Б - буки) со 30 графеми е официјално прифатена во 1868 година.

Како поедноставна азбука од глаголицата, која е постара по потекло, кирилицата ја потиснала и се „населила“ во Бугарија, Србија, Македонија и во Русија.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Живот

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more
 

Магазин

  • filter

Мет Гала 2024: Кој ја погоди, а кој ја промаши темата?

Читај повеќе

Шпанците се најдолговечна нација во ЕУ

Читај повеќе

Осум симптоми дека на телото му недостасува железо: Не ги игнорирајте!

Читај повеќе

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе