Стара љубов, нов модел: Како изгледа новото „фиќо“?

По стандардната електрична верзија без покрив, стигна и една нова, необична верзија на новиот Fiat 500 - 3 + 1.

Од FIAT велат дека време било за еволуција - морале да одат чекор подалеку и да одговорат на промените во побарувањата на клиентите кои созреале и чии навики се сменија.

Младите луѓе кои излегуваа да се возат низ градските улици после работа сега се вработени мајки и татковци кои се организираат да го однесат или земат детето од училиште, а потоа да го носат на часови по балет или на тренинг, заедно со нивните останати обврски.

Значи, купувачот стана семејство на кое му треба подостапен ентериер, но кој сепак е „кул“, како што се очекува од „фиќо“. Затоа е создаден новиот 500 3 + 1 - целосно електричен, со уште една, мала, но значајна врата.

Дизајнерите работеа на паметно решение што придонесе димензиите на моделот да останат исти како кај кабриолетот и хечбекот, но со мала трета врата од совозачката страна. Како и кај првиот модел „500“ од 1957 година, кој имаше врата на задниот дел.

Резултатот е нова каросерија со непроменети димензии и без додаден ниту еден сантиметар.

Третата „мала врата“ се отвора во спротивна насока, а бидејќи во самата врата нема централен панел, што значи дека е многу полесно да се влезе во автомобилот, полесно е да се натоварат и растоварат поголеми предмети, а децата можат да се сместат на задното седиште побрзо и полесно.

Кога вратата е затворена, ова „фиќо“ не се разликува од кој било друг модел „500“: стилот е ист, како и големината, додека тежината е зголемена за 30 кг.

Во однос на безбедноста, вреди да се спомене дека „малата трета врата“ може да се отвори само кога предната врата е веќе отворена, со цел да се спречи патници назад случајно да ја отворат.

Со верзијата 3 + 1, моделот „500“ има тенденција да остане со клиентите кои ги сменија своите навики и барања, но не и нивниот вкус.

Remote video URL
Тагови
реклама

Поради короната, белградската проституција работи по принципот на достава

Read more

Volkswagen го презема европскиот пазар за електромобили

Read more

Нереди во Штип: Среде град се пресметаа навивачите на Брегалница и Тиквеш

Read more

Мицкоски: Имам информација дека викендов се распарчува Македонија во Софија

Read more

Авто новости

Volkswagen го презема европскиот пазар за електромобили

Read more

Audi го претстави моделот SQ5 Sportback TDI за европскиот пазар

Read more

Ново правило за сопствениците на возила со странски таблички

Read more

Bugatti има нов „ѕвер“ - Chiron Sport Les Légendes du Ciel

Read more

Автомобили

Volkswagen го презема европскиот пазар за електромобили

Читај повеќе
  • filter

Audi го претстави моделот SQ5 Sportback TDI за европскиот пазар

Читај повеќе

Ново правило за сопствениците на возила со странски таблички

Читај повеќе
  • filter

Bugatti има нов „ѕвер“ - Chiron Sport Les Légendes du Ciel

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказната за еден футуристички автомобил: Како Ferrari Modulo го освои светот?

Читај повеќе

Hyundai го најави Bayon, новиот мал кросовер

Читај повеќе
  • filter

Ова е новиот Audi TTS Competition Plus

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla Model X хакиран и украден за минута

Читај повеќе

Познато кога ќе дебитираат Porsche Macan Electric и Audi Q5 E-Tron

Читај повеќе