Стари фотографии откриваат како порано изгледала мајката на Анџелина Џоли

Стари фотографии од мајката на Анџелина Џоли откриваат од кого актерката ја има наследено убавината, но и талентот за глума.

Анџелина Џоли е дете на познати и успешни родители. Од мајка си, актерката Маршелин Бертранд, не ја има наследено само убавината, туку и талентот за глума. Маршелин била голема актерка и хуманитарка и важела за симбол за убавина.

Сега на интернет повторно кружат фотографии од нејзината младост, а според многумина, Маршелин била поубава од Џоли. Анџелина никогаш не ја преболи смртта на мајка си, која почина во 2007 година од рак на јајници. Благодарение на безвремената убавина и талентот, Маршелин почнала да глуми уште од рана возраст и имала бројни понуди. Сепак, решила да се посвети на семејството. Како 20-годишна девојка се омажила за таткото на Анџелина, актерот Џон Војт. Нивниот идеален брак за жал бил одбележан од спонтан абортус во 1972 година, а Маршелин тоа тешко го доживеала. Подоцна се оствариле во улогата на родители, првин го добиле синот Хејвен, па Анџелина.

За жал, бракот не опстанал и се развеле во 1976 година. Подоцна, Маршелин дознала дека нејзиниот сопруг постојано ја изневерувал.

Кога зборува за мајка си, Џоли постојано потенцира дека не ѝ било ништо поважно во животот од децата. Во есеј напишан за мајка ѝ, објавен во New York Times, истакна дека нејзината смрт засекогаш ја променила.

„Губењето на мајчина љубов и топлата, нежна прегратка е како некој од вас да го открие заштитниот покривач“.

URL

Сепак, Анџелина тргна по стапките на мајка си, и самата е посветена мајка, хуманистка и врвна актерка.

„Ако некој некогаш ми каже дека на моите деца сум успеала да бидам мајка како што мајка ми мене ми беше, тоа ќе биде најголемиот комплимент што ќе го добијам“, објасни славната актерка во една прилика.

 

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе