Стерјовски испиша историја со првото обраќање на македонски јазик во албанскиот Парламент

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски денеска запиша уште еден историски настан за Македонците во Албанија.

Тој не само што е прв пратеник кој јавно се декларира како Македонец, денеска за првпат се обрати на македонски јазик од собраниската говорница во албанскиот законодавен дом.

– Почитуван претседател на Собранието, почитувани пратеници. Ја имав честа во 101 годишнина од Собранието на Република Албанија да бидам првиот пратеник кој се декларира за Македонец. Јавностa преку парламентарната говорница слушна за Македонците во Преспа, Гора, Голо Брдо и Врбник, за Македонците низ цела Албанија, рече тој на почетокот од обраќањето.

Додаде дека достојно ги претставувал Македонците во Албанија, како и сите граѓани од округот на Горица (Корча).

– Се борев за подобрување на условите за живот и работа на Македонците во Албанија, ги подржав сите закони за евроатланските интеграции. Благодарност до Владата што го одобри проектот вода за пиење на Општина Пустец од 4 милиони евра, благодарност за поддршката од колегите пратеници, посочи тој.

Рече дека се гордее што бил гласот на Македонците, на сите малцинства во Албанија и се борел за општество на еднакви пред Уставот и законите.

– Почитувани сонародници, бидете горди Македонци и лојални државјани на Албанија, негувајте ги македонскиот јазик, култура, историја и традиции бидејќи и тие cе нераскинлив дел од Албанија, порача Стерјовски во неговото обраќање на македонски јазик, што е прво во историјата на албанскиот Парламент.

Стерјовски во албанскиот Парламент влезе во мај 2019 година и во оценувањето на активноста на пратениците редовно е меѓу најактивните, главно со прашања кои ги тиштат Македонците во областите Преспа, Голо Брдо и Гора, каде нивната концентрација е најголема, но и прашања кои ги мачат жителите на округот Горица од каде и е пратеник.

Тој на парламентарните избори на 25 април е на кандидатската листа на Социјалистичката партија, исто така во Изборната единица Горица. 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе