Стивен Спилберг работи на филм за сопственото детство

Филмската адаптација на мјузиклот „West Side Story“ на Стивен Спилберг треба да излезе до крајот на годината, а славниот режисер веќе го планира следниот проект - филм за сопственото детство во Аризона, пишуваат американски медиуми.

Variety пишува дека има големи шанси главната женска улога, инспирирана од ликот на мајката на Спилберг, да ѝ припадне на познатата актерка Мишел Вилијамс.

Со оглед на фактот дека Спилберг првпат снима приказна за сопствениот живот, режисерот одлучи да го пишува сценариото со неговиот долгогодишен соработник добитник на наградите Тони и Пулицер, Тони Кушнер, со кого соработуваше во научно-фантастичната драма „A.I. Artificial Intelligence“ во 2001 година, како и во филмовите „Munich“ (2005) и „Lincoln“ (2012).

URL

Славниот режисер е роден во Синсинати во 1946 година во ортодоксно еврејско семејство, но семејството се преселило во Аризона десет години подоцна, каде што младиот Стивен ја прославил својата бар мицва, церемонија за полнолетство, а во адолесцентските денови ги снимил првите аматерски филмови.

Таткото на Спилберг, Арнолд, иноватор и инженер, кој работел во General Electric во одделението за развој на компјутери, почина минатото лето на возраст од 103 години. Неговата мајка Леа Адлер, која беше сопственик на кошер ресторанот „The Milky Way“ во Лос Анџелес, почина во 2017 година на 97-годишна возраст.

Во многу секвенци од неговите филмови до денес, има многу детали засновани врз лични искуства, но славниот режисер никогаш претходно не ја спомнал можноста за снимање на биографски филм.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе