Стјуардеса покажа како изгледа лет со една од најскапите први класи во светот

Инфлуенсерката и поранешна стјуардеса Кристина Грабеж често споделува видеа на своите социјални мрежи во кои опишува како изгледа работата на една стјуардеса, со што се среќаваат сите на летовите, и открива неколку помалку познати факти за оваа интересна професија.

Таа во едно од најновите видеа покажа како изгледа лет со една од најскапите први класи во авион.

„Иако многу авиокомпании имаат свои првокласни верзии, авиокомпаниите од Блискиот Исток имаат некои од најексклузивните и најскапите места во авионот“, вели Кристина на почетокот на видеото, додавајќи дека секое седиште има посебна врата што може да се затвори за да се обезбеди целосна приватност на патниците.

Додатоците во прва класа, како грицки, слушалки и ќебиња, се подобри од остатокот од авионот, а патниците од прва класа добиваат и комплет со козметика и пижами.

„Покрај стјуардесата, гостите во првата класа ги послужува и готвачот, а јадењата се исто така многу подобри отколку во остатокот од авионот“, рече Кристина, а потоа откри и колку чини билетот за прва класа.

„Сето тоа изгледа убаво, но билетот од прва класа во овие компании може да чини и над 10.000 евра“, откри таа на крајот од видеото кое собра над 13.000 лајкови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tina Grabez (@tinagrabez)

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе