Столтенберг го честита првиот роденден од членството на Северна Македонија во НАТО

Брисел, 23 март 2021 (МИА) – На денешниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го честитал првиот роденден од членството на Северна Македонија во Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Многу сум горд што во петок го славиме првиот роденден од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и му честитав на министерот за надворешни работи денеска на состанокот, ова е добро за Северна Македонија и добро за сите сојузнички на НАТО, рече Столтенберг.

Тој се заблагодари за придонесот на македонските воени сили во операциите на Алијансата ширум светот и посебно во Авганистан.

-Се сретнав со војници од Северна Македонија во Авганистан, тие секогаш демонстрирале посветеност, храброст и професионалност во работата, рече шефот на Алијансата.

На прашање за коментар околу наводите дека некои официјални лица од Северна Македонија не добиле безбедносен сертификат за НАТО, генералниот секретар одби да коментира, но порача дека процедурите на ветинг во организацијата се строги.

-Процедурите на ветинг се секогаш многу важни за нас, тоа е затоа што е потребно да се осигуриме дека класифицираните документи се третираат правилно, ветинг процедурите се темел за размената на информации, а Северна Македонија е високо вреднуван сојузник, и членството на Северна Македонија е доказ дека вратите на НАТО остануваат отворени, изјави Столтенберг.

реклама

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе