Столтенберг: Не очекувавме толку брз колапс во Авганистан

Поради враќањето на талибанците на власт во Авганистан постои закана од меѓународен тероризам изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека Алијансата „мора да биде будна за да остане во првите редови на борбата против тероризмот“.

Тој на прес-конференцијата во Брисел кажа дека била изненадувачка брзината на колапсот на авганистанската национална армија, по напредокот на талибанците, и дека НАТО може да извлече поуки од тоа, но дека главниот фокус денеска е на извлекувањето на луѓето од земјата.

Ген-секот на НАТО ги повика талибанците да го олеснат заминувањето на сите оние кои сакаат да го напуштат Авганистан и соопшти дека НАТО се согласила да испрати дополнителни авиони во Кабул за евакуација.

Столтенберг додаде дека во нивните редови има незадоволство поради неуспехот да се постигнат подобри резултати по толку години ангажман во Авганистан, наведувајќи дека никој не очекувал таков брз колапс на авганистанските безбедносни сили и Владата.

Најважната работа за НАТО во моментов, рече тој, е да го држи аеродромот отворен за да се помогне во евакуацијата од земјата.

– Талибанците мора да го спречат Авганистан повторно да стане жариште на тероризмот. Оние кои сега ја преземаат власта имаат одговорност да обезбедат меѓународните терористи да не ги повратат своите упоришта, изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел.

– Дел од авганистанските безбедносни сили се бореа храбро. Но, тие не беа во можност да ја обезбедат земјата, бидејќи на крајот авганистанскиот политички врв не успеа да им се спротивстави на талибанците и да постигне мирно решение што Авганистанците очајно го посакуваа, рече генералниот секретар на НАТО.

Тој, исто така, нагласи дека планот беше да се изгради одржлива авганистанска држава, а не силите на НАТО да останат таму засекогаш.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Свет

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе