Столтенберг: Русија се подготвува за долга војна во Украина

Јенс Столтенберг изјави дека Русија се подготвува за долга војна со Украина.

„Руското раководство се подготвува за продолжена војна во Украина, така што сите земји-членки на НАТО кои го поддржуваат Киев мора да продолжат да обезбедуваат оружје за украинската армија додека Владимир Путин не сфати дека не е во состојба да победи на бојното поле“ изјави за AFP генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг, пренесе БТА.

„Не треба да ја потценуваме Русија, таа планира долга војна“, изјави шефот на НАТО.

Според него, сè уште нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин се откажал од својата цел да добие контрола врз Украина.

„Гледаме дека Русите мобилизираат повеќе сили, подготвени се да поднесат многу жртви, се обидуваат да добијат повеќе оружје и муниција“, додаде Столтенберг.

Во овој контекст, тој изрази уверување дека Путин е подготвен да ја продолжи војната со нови офанзивни операции.

Сојузниците на НАТО, предводени од САД, испратија оружје во Украина во вредност од милијарди долари, а тоа му помогна на Киев да ја промени својата позиција во борбите, забележува Укринформ.

„Најверојатно, оваа војна ќе заврши на преговарачка маса, како и повеќето војни“, рече Столтенберг.

Нагласи дека секоја одлука мора да го гарантира суверенитетот и независноста на Украина. Најбрзиот начин да се постигне тоа е да се поддржи Украина со оружје „за Путин да разбере дека не може да победи на бојното поле и мора да седне и да преговара со добра волја“, потенцира Столтенберг.

реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе