Столтенберг: Треба да се подготвиме и за лоши вести од Украина

Макфакс
/ 04.12.2023 / 08:11

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека војните се непредвидливи и дека сојузниците треба да се подготват и за лоши вести од Украина, но поддршката треба да продолжи.

Столтенберг во интервју за германската телевизија ARD, одговарајќи на прашањето дали стравува дека ситуацијата во Украина ќе се влоши во иднина, рече дека војните се одвиваат етапно, но дека e неопходна поддршката за Украина и во добри и во лоши времиња.

Осврнувајќи се на ситуацијата на фронтот, Столтенберг рече дека нема значаен напредок во изминатите неколку месеци.

Тој не прогнозираше понатамошни настани, наведувајќи дека „војните се инхерентно непредвидливи“.

„Знаеме дека колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната“ рече Столтенберг.

Тој оцени дека Украина е во критична ситуација, но не одговори на прашањето како треба да дејствува командата во Киев.

„Донесувањето на овие тешки оперативни одлуки им го оставам на Украинците и воените команданти“, рече Столтенберг.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе