Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Макфакс
/ 01.04.2023 / 11:10

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе не е недопирлив, изјави порно ѕвездата Сторми Даниелс во петокот вечерта во своето прво интервју по обвинението.

Даниелс изјави за лондонски The Times дека забележала оти луѓето реагираат поинаку на обвинението отколку пред неколку години, кога биле објавени првите извештаи во медиумите за нејзината сексуална средба со Трамп.

„На почетокот коментарите беа 'спонзоруша, курва, лажга'… Такви работи“, рече Даниелс. „А овој пат е како 'Ќе те убијам'“, рече таа.

Големата порота гласаше да го обвини Трамп по неколку месеци сослушување докази за исплата на 130.000 долари на Сторми Даниелс во последните денови од кампањата во 2016 година.

Парите, наводно, биле наменети да го купат нејзиниот молк за сексуалната врска за која вели дека ја имале години пред тоа. Трамп го негираше тврдењето на Даниелс, а неговиот адвокат ја обвини Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, за изнуда. Даниелс за британскиот весник изјави дека кога ја слушнала веста за обвинението, била излезена јавајќи го својот коњ.

„Има нешто навистина иронично и урнебесно во тоа што дознав за обвинението додека јавав на коњ наречен Redemption“, рече таа и додаде дека дел од 130.000 долари што ги добила тајно ги искористила за да купи приколка за коњ.

Таа вели дека не се плаши од идејата да се соочи со Трамп на суд бидејќи го видела гол и „нема шанси да биде пострашен со облеката на себе“. Но, таа ја чувствува сериозноста на ситуацијата и можната опасност. „Каков и да е исходот, ќе има насилство, ќе има и повредени и смртни случаи“, рече Даниелс.

„Постои можност од ова да произлезе многу добро. Но, во секој случај, од тоа ќе произлезе многу лошо“, рече Даниелс.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе