ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Строг, ама праведен: Кој е судија на дуелот Аргентина - Хрватска?

ФИФА ги избира најискусните и најелитни судии за финалето на Мундијалот, а бидејќи се очекува многу драма и борба на полуфиналниот натпревар помеѓу Аргентина и Хрватска, овој натпревар му е доверен на веројатно најдобриот европски судија во моментов.

Ова е човек со неизмерно искуство во водење на најголемите натпревари. Од дерби во дерби, бил делегиран за најголемите средби во Италија и Европа, а секако тоа е Даниеле Орсато.

Искусниот судија веќе ја делеше правдата на Светското првенство во Русија во 2018 година, Европското првенство минатата година и во Катар го судеше судирот меѓу Еквадор и Катар.

Орсато е познат како многу строг судија кој сака да држи сè под контрола. Тој не се двоуми да ги предупреди играчите и да ги смири со жолти картони уште од самиот старт на натпреварот.

Сепак, она што ја одбележа неговата кариера е контроверзната одлука од „Дербито на Италија“ во 2018 година кога не го исклучи репрезентативецот на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ.

Таа одлука се одрази на борбата за Скудетото. Јувентус го совлада Интер со 3:2, а Пјаниќ имаше жолт картон и потоа жестоко тргна против Рафиња. Орсато не му покажа жолт картон, а за таа ситуација верувале или не и денес се пишува во Италија кога и да се спомене Даниеле Орсато.

Навивачите на Интер никогаш не му простија што го остави Пјаниќ на теренот. Пјаниќ изјави дека не заслужил црвен картон, но не поради тој старт, туку поради првиот жолт картон на тој натпревар, кој, според него, не требало да го добие.

Remote video URL

„Првата опомена не беше на место, но ја сфатив бидејќи пред тоа беше исклучен играч на Интер. Навивачите на стадионот извршија голем притисок врз судијата и побараа од него да ми покаже црвен картон“, изјави Пјаниќ за италијанските медиуми за инцидентот.

Сепак, и покрај таа полемика, Орсато се етаблира како најдобар европски судија од 2002 година до денес. Тој ја делеше правдата во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година помеѓу ПСЖ и Баерн.

Нема сомнеж дека ќе има многу работа вечерва во дербито Хрватска - Аргентина, но и дека тоа ќе го одработи на најдобар можен начин.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе