УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2023/2024

Струга во Конференциската лига продолжува во Скопје

Филип Здравески
/ 03.08.2023 / 17:36

Откако два европски натпревари одигра во Охрид, сега македонскиот шампион натпреварувањата ќе ги продолжи во престолнината.

Фото: ФК Струга

Актуелниот шампион на 1.МФЛ соопшти дека натпреварот наредниот четврток против луксембуршкиот тим Свифт Хеспер ќе го игра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, наместо на „Атина Бојаџи“ стадионот во Спортскиот центар „Билјанини Извори“ во Охрид. Причината за промената на локацијата е тоа што стадионот во Охрид не ги задоволува критериумите на УЕФА за играње интернационални натпревари од овој ранг.

Стружани дојдоа до Европа Коннференциската лига откако доживеаја елиминација од Лигата на шампионите од литванскиот Жалгирис губејќи 1:2 во Охрид, а потоа 0:0 во Литванија, по што продолжија во Конференцијата. Таму веќе го елиминираа црногорскиот претставник Будучност победувајќи на двапати, 1:0 во Охрид и 4:3 во Подгорица.

Свифт Хеспер е пречката во третото квалификациско коло, а доколку минат ќе ги дели само уште една рунда до пласман во групната фаза.

Натпреварот во Скопје ќе се игра на 10 август, а реваншот во Луксембург е седум дека подоцна, на 17-ти.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Фудбал

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more
 

Спорт

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе