Студентски протест пред Собранието за подобри услови за студирање

Зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно, реконструкција на студентските домови чии услови се лоши, изедначување на стипендиите и изземање на студентите од антикризните мерки на Владата се барањата на студентите кои протестираат и го блокираат сообраќајот пред Собранието.

Таму за попладнево е закажана средба, затворена за медиумите, меѓу студенти - претставници на студентски универзитетски собранија во земјава, пратениците кои предложија нов Предлог-закон за студентски оброк и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

– Бараме да се зголеми субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно. Со фактот што Македонија доживува одреден степен на инфлација, потребна е поголема финансиска и мотивациска поддршка на студентите. Реконструирање и реновирање на студентските домови - бидејќи во добар дел од нив условите се катастрофални и нечовечки. Потребно е и изедначување на стипендиите и оние студенти кои земале помала, сега да ја земаат поголемата стипендија. Исто така, многу важно барање е изземање на студентите од антикризните мерки на Владата затоа што државата не треба да штеди на студентскиот грб, изјави студентот Јован Јанев, член на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип пред почетокот на средбата во Собранието.

Тие се незадоволни од предлогот за измени на Законот за субвенционираниот студентски оброк, кој по реакциите се повлекува од Собранието, откако беше на дневен ред на пленарна седница закажана за в среда.

Во Предлогот беа сменети досегашните критериуми за стекнување на правото на субвенциониран оброк, според кои студентите не треба да бидат корисници на стипендија од МОН, правото да не важи за апсолвенти и за студенти чии родители земаат плата поголема од минималната.

– Секоја акција има реакција. Ние реагираме на начинот на кој лукаво и дрско групата пратеници од владејачкото мнозинство пробаа да го протуркаат овој Предлог-закон. Се надеваме на изнаоѓање заеднички јазик зашто сите живееме во исто општество и имаме некои заеднички интереси. Во овој случај е потребата и можностите на студентите, затоа ние ќе се обидеме во најбрз и најдобар начин да ги задоволиме правата на сите студенти, додаде Јанев.

Доколку не се исполнат нивните барања, рече тој, најверојатно ќе ги продолжат протестите.

– Останува да видиме како ќе се одвиваат настаните и така би реагирале на идните потези. Главен и клучен план е да го добиеме тоа што го заслужуваме и што отсекогаш ни припаѓало, истакна Јанев.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе