Блескава премиера во својот нов клуб, бразилски Гремио, имаше синоќа 35-годишниот уругвајски напаѓач Луис Суарес, кому едно полувреме му беше доволно да постигне три голови.
Суарес неодамна без обесштетување го напушти уругвајски Насионал и го засили Гремио, кој минатата сезона настапуваше во бразилската Серија Б, но избори враќање во елитната Серија А.
Во дуелот од Суперкопот Рекопа Гаушо неговиот Гремио триумфираше над Саун Луис со 4:1, а Суарес постигна три гола во првото полувреме.
За уругвајскиот напаѓач тоа беше прв хет-трик во кариерата од ноември 2013 година, кога во дресот на Ливерпул постигна три гола против Норич во Премиер лигата.