Субвенциониран оброк за студентите по стари критериуми, до март ќе се бара системско решение

Скопје, 15 ноември 2022 (МИА) –  Студентите ќе продолжат да добиваат субвенциониран оброк по старите критериуми до март, а дотогаш работна група со претставници на студентските сојузи и МОН ќе изнаоѓа системско решение за нов закон за остварување на ова право.

Пред Собранието вчера беше организиран студентски протест поради поднесениот предлог од група пратеници со кој се менуваат условите за добивање субвенција за оброк, кој по реакциите е повлечен од собраниска процедура. Се протестираше и за подобрување на условите во студентските домови и унапредување на студентскиот стандард.

На средбата во Собранието меѓу студенти од универзитетите собранија, пратеници и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на која присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски, беше договорено субвенцијата да биде по старите услови и исплата ретроактивно од септември, по 120 денари дневно, а во меѓувреме да се бара долгорочно, системско решение од март 2023 година.

-Ќе имаме временски рок на усогласување за новото системско решение кое ќе значи дека студентите ќе добиваат здрав студентски оброк и ќе се реализира исплатата на дневна основа. Се договоривме во овој период ретроактивно за вредноста што беше досега, со измените од 2021 година, а во наредниот период со системското решение ќе биде повисока сумата за студентскиот оброк. Значи, од март ќе биде повисока и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до тој период, изјави Шаќири  по тричасовната средба во Собранието.

Во однос на барањето за подобрување на условите во студентските  домови, министерот рече дека ќе разгледаат каде е состојбата најпроблематична за да може најитно да се интервенира.

-Од Германската банка за развојни политики веќе имаме добиени проекти во вредност од  24 милиони денари и одредени студентски домови се во одредени фази. Во периодот на  разговори со студентите ќе видиме што може да се изменаџира со новиот буџет, рече Шаќири.

Премиерот Димитар Ковачевски изрази задоволство од тоа што е најден заеднички јазик за барањата на студентите за студентскиот оброк, но и за други аспекти на студентскиот стандард.

-Пред сè, во делот на инфраструктурата во студентските домови, при што веќе се договоривме со министерот за образование дека ќе бидат направени максимални напори за унапредување на просторот во одредени студентски домови каде што не е на најдобро ниво. Исто така, се согласивме дека во одредени студентски домови веќе се направени позначителни инфраструктурни зафати. Студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас, своите ставови. А на нас, коишто сме во Владата и пратениците, е тие ставови да ги сослушаат, да ги разговараат со студентите и да се дојде до решенија кои ќе биде на задоволство на сите, истакна Ковачевски по средбата во Собранието.

Во однос на затоплувањето на студентските домови, премиерот изјави дека доколку има потреба за догревање, Министерството за образование и наука заедно со Министерството за економија ќе постапи онака како што е направено за прехранбената индустрија и за другите витални функции во државата.

По реакциите во јавноста беше повлечен од Собранието предлогот на група пратеници за измени за остварување на правото на студентски оброк, кој беше на дневен ред на пленарната седница закажана за в среда. Во Предлогот беа сменети досегашните критериуми за субвенциониран оброк, според кои студентите не треба да бидат корисници на стипендија од МОН, правото да не важи за апсолвенти и за студенти чии родители земаат плата поголема од минималната.

Студенти од повеќе факултети вчера протестираа пред Собранието и со транспаренти искажа незадоволство од условите во студентските домови и скромните оброци што ги добиваат.

Јован Јанев, член на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, пред почетокот на средбата во Собранието, за медиумите изјави дека бараат зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно, реконструкција на студентските домови, изедначување на стипендиите со највисоката и изземање на студентите од антикризните мерки на Владата.

-Со фактот што Македонија доживува одреден степен на инфлација, потребна е поголема финансиска и мотивациска поддршка на студентите. Реконструирање и реновирање на студентските домови – бидејќи во добар дел од нив условите се катастрофални и нечовечки. Потребно е и изедначување на стипендиите и оние студенти кои земале помала, сега да ја земаат поголемата стипендија. Исто така, многу важно барање е изземање на студентите од антикризните мерки на Владата затоа што државата не треба да штеди на студентскиот грб. Ние реагираме на начинот на кој лукаво и дрско групата пратеници од владејачкото мнозинство пробаа да го протуркаат овој Предлог-закон, рече Јанев, нагласувајќи дека го бараат тоа што го заслужуваат и што отсекогаш им припаѓа.

Тагови
реклама

Македонија

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Read more

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Read more

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Read more

Палевски екстрадиран од Турција, синоќа стигна во „Шутка“

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе