Судир на титаните: Што се очекува од средбата Си-Бајден?

Кога Џо Бајден ја презеде функцијата претседател на САД во јануари 2021 година, имаше очекувања од двете страни на Пацификот дека тој ќе се повлече од трговската војна што неговиот претходник ја започна со Кина речиси три години претходно.

Исфрустриран од огромниот трговски суфицит на Кина и обвинувајќи ја за кражба на американската интелектуална сопственост, поранешниот претседател Доналд Трамп во јуни 2018 година воведе царини на кинески стоки во вредност од 50 милијарди долари. Пекинг одговори со сопствени царини и сè продолжи до т.н. примирје во 2020 година

Наместо да ги повлече тие мерки, Бајден тивко го ескалира трговскиот конфликт. Во октомври, неговата администрација воведе нови опсежни ограничувања дизајнирани да го ограничат пристапот на Кина до технологијата клучна за нејзината растечка воена моќ.

Поради зголемената конкуренција и во услови на страв од глобална рецесија, лидерите на двете најголеми светски економии - Си Ѓинпинг и Џо Бајден - се сретнаа на маргините на самитот на Г-20 во Бали, Индонезија. Во изјавата за новинарите на Бали, американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека целта на состанокот е да се стабилизираат односите и изрази надеж дека тоа ќе ја постави основата за билатерален економски ангажман.

Големи влогови

Влогот е голем за двете страни, како и за остатокот од светот. Кина, со својата економија од речиси 18 илјади милијарди долари, е главниот двигател на глобалниот раст во последниве години. Но, локдауните поради Ковид и кризата со недвижности го забавија неговото проширување оваа година.

Иако очекувањата за состанокот се ниски, од клучно значење е двете страни повторно да се ангажираат, изјави за CNN Мети Бекинк, директорка на Economist Intelligence Corporate Network за Кина со седиште во Шангај.

Со децении имаше редовни линии на комуникација меѓу американските официјални лица и нивните кинески колеги, но повеќето од тие патишта беа прекинати откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети Тајван во јули.

„Важно е шефовите на држави директно да зборуваат“, рече таа. „Има недостаток на доверба во оваа врска. Ако Си и Бајден испратат сигнал дека е време да се обнови комуникацијата, се надеваме дека ќе се намали нивото на недоверба“.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе