Судот одлучи: Сцената од филмот „Romeo and Juliet“ не е детска порнографија

Судот во Калифорнија ја отфрли тужбата на главните актери во филмската адаптација „Romeo and Juliet“ од 1968 година против Paramount Pictures поради сцена во која нивните ликови се будат голи во кревет заедно, пренесува The New York Times.

Актерите Оливија Хуси и Ленард Вајтинг во тужба поднесена минатата година тврдеа дека режисерот на филмот, Франко Ѕефирели, ги уверил дека ќе носат долна облека во месо боја за сцената во спалната соба. Во тоа време и двајцата биле малолетни. Но, утрото на снимањето, тврдат во тужбата, тој сепак им рекол дека „мора да бидат голи или филмот ќе пропадне“.

 

Тие исто така тврдеа дека Paramount Pictures, дистрибутерот на филмот, знаел или требало да знае дека снимката од нивните голи тела е незаконски добиена. Во судските документи адвокатите на актерите навеле дека сцената се квалификува како детска порнографија. Хаси имала 16 години кога се снимал филмот, а Вајтинг 17.

Актерите, кои сега се во своите 70-ти, планираат да се обратат до повисок суд.

Адвокатот на Paramount Pictures го оспори тврдењето на актерите. Тој тврдеше дека сцената не била ласцивна и инсистира на тоа дека поминало премногу време од настанот.

„Филмот не е детска порнографија. Тоа го докажува фактот дека е исклучително познат, дека е во дистрибуција веќе 55 години и дека го гледале или поседувале милиони Американци, без никакво претходно тврдење од органите на прогонот, обвинителите или нивните родители дека тоа е детска порнографија“, заклучи адвокатот на Paramount Pictures, Ричард Кендал.

Remote video URL

Судијката во округот Лос Анџелес, Алисон МекКензи, рече дека ќе ја отфрли тужбата на актерите со образложение дека нивниот приказ во филмот не може да се смета за детска порнографија и дека тие ја поднеле тужбата предоцна.

Инаку, филмот за кој станува збор е награден со два Оскара.

 

Remote video URL
реклама

Филм & ТВ

Netflix го купува HBO Max

Read more

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Read more

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Read more

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Read more
 

Сцена

  • play_arrow
  • filter

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Читај повеќе

Netflix го купува HBO Max

Читај повеќе

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Читај повеќе

Израел сепак ќе учествува на Евровизија 2026 - Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија ќе бојкотираат

Читај повеќе

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сидни Свини блесна во облека што зрачи со винтиџ холивудски гламур

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од декември во Кинотека

Читај повеќе