Судот во Пенсилванија нареди државата да не ги брои гласачките ливчиња каде гласачите требало да дадат доказ за идентитетот, но тоа не го сториле до 9 ноември, пренесуваат американските медиуми.
Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба до федералниот суд во Пенсилванија, со барање судот да го прекине прогласувањето на Џо Бајден за победник во таа држава.
Во тужбата се наведува дека системот за поштенско гласање во Пенсилванија не бил транспарентен и дека не бил предмет на проверки спроведени за време на гласањето на избирачкото место.
Според тврдењата на неговиот изборен штаб, властите во Пенсилванија со тоа го прекршиле Уставот.
Иако штабот на Трамп ова го нарече „победа“, исклучените гласачки ливчиња не ја менуваат конечната пресметка на исходот во Пенсилванија, што сепак му носи победа на Џо Бајден на претседателските избори во САД.
Associated Press во саботата го прогласи Бајден за победник, откако беше заклучено дека и преостанатите неизбоени гласови во Пенсилванија нема да направат разлика во водството на Бајден. До вторникот Бајден имаше предност од 55.000 гласови.
Трамп уште одбива да признае пораз и тврди дека има изборна измама, па чека судски разврски.