Судска медицина: Доколку Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, би имал поголеми шанси да преживее

Со сведочење на вештите лица Александар Станков и Рената Јанкова од Судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, денес продолжи изведувањето на доказите на обвинението за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје.

Вештото лице Александар Станков изјави дека повредите кои ги здобил сега покојниот се класифицирани како тешка телесна повреда со опасност по живот и тие се поврзани со смртниот исход.

-Доколку ја немал повредата на ‘рбетниот мозок и ги имал другите повреди, би имал многу поголеми шанси да преживее, отколку кога би ја имал повредата на ‘рбетниот мозок, објасни Станков.

Тој објасни дека сите повреди кај Тот се здобиени преку удари.

-Повредите со кои се здобил Тот се повреди кои се настанати под тапа сила, крвни подливи во пределот на лицето, со скршување на десната страна од носната коска, крвни подливи на меката поглавина, нагмечување на големиот мозок, нагмечување на вратниот дел од ‘рбетниот мост односно високо во близина на продолжението мозок , додаде Станков.

Ударот во главата во тврда површина, бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Ѓорѓиевски.

– Како причина за смртта наведено е дека смртта настанала заради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на ‘рбетниот мозок, меѓутоа критична повреда за настапување на смрт, врз основа на целокупната клиничка слика кај сега починатиот, е повредата на почетен дел од ‘рбетниотт мозок, појасни тој.

Прашан дали постои причинско-последична врска помеѓу повредите кои ги здобил ракометарот и смртта, тој даде потврден одговор.

Вештото лице Рената Јанкова рече дека некои повреди може да се квалификуваат изолирано, па потоа да се зборува за севкупно дејство на повредите.

– Меѓутоа, ако ги разгледуваме поединечно, на пример една од повредите, да ја земеме повредата која што довела до неконкретна скршеница на носната коска, може да биде телесна повреда, меѓутоа, ако истата таа повреда довела до потрес на мозокот во тешка форма, тогаш е тешка телесна повреда, рече таа.

Јанкова дополни дека заради севкупната слика од здобиените повреди не може да ги разгледуваат како посебна повреда секоја за себе, меѓутоа, како што рече, со севкупното дејство се квалификуваат како тешка телесна повреда со конкретна опасност по живот.

Јанкова, исто така, одговори дека постои поврзаност помеѓу здобивањето на повредите и смртниот исход.

Вештите лица беа вкрстено испрашани и од одбраната на обвинетите во однос на подробни прашања во врска со наводите од извештаите за вештачење и обдукција.

Обвинетиот Анџело Ѓоргиевски праша дали е утврдено кој удар довел до ротација на главата и повреда на ‘рбетниот мозок.

– Не можеме да го конкретизираме тоа. Ние можеме да знаеме само тоа што ќе го видиме и да ги знаеме механизмите, тоа е во доменот на нашата струка, одговори вештото лице Јанкова, дополнувајќи дека ако можело да се утврди, вештите лица би се произнеле по тоа.

Одбраната во своите воведни зборови рече дека не смета оти правната квалификација за кривичното дело „убиство“, кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар, е одржлива и дека ќе докажува оти не постои умисла за истото.

Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе