Кинеската спортска двојка Венјин Суи и Кон Хан го освои златниот медал на Олимписките игри во Пекинг. Ова е второ злато за Кина на Олимпијадата во оваа дисциплина.
Суи и Хан со 239,88 бодови зад себе оставија три руски двојки. Евгенија Тарасова и Владимир Морзов го освоија среброто со 239,25 поени, додека трети беа Анастасија Мишина и Александр Галјамов со 237,71 освоени бодови.
За Кина ова е деветти златен медал по што изби на третата позиција во поредокот на најуспешните земји на 24. Зимски олимписки игри.
До крајот на ЗОИ 2022 во уметничко лизгање останува уште Гала вечерта закажана за утре, последниот ден од натпреварувањето.