Правилната исхрана е најважна во справувањето со високиот холестерол во крвта.
Првиот чекор е да престанете да внесувате храна што содржи „лош“ холестерол (LDL) што предизвикува замастување на артериите. Тоа се полномасни млечни производи, јајца, палмино масло, кокосов путер...
Вториот чекор е да почнете да се храните со намирници што го намалуваат холестеролот на разни начини. Некои се богати со лесно растворливи растителни влакна, други со полинезаситени масти што директно го намалуваат ЛДЛ, а други содржат стероли и стеноли што го блокираат апсорбирањето на холестеролот во телото.
Третиот чекор е да почнете со физичка активност согласно вашите можности и потреби и на тој начин да придонесете за подобра циркулација на крвта и тонус на мускулите.
Оваа суперхрана ќе ви помогне на природен и здрав начин да го доведете холестеролот во граници што нема да претставуваат ризик по вашето здравје.
Овес и јачмен
Лесен прв чекор во борбата против покачениот холестерол е да почнете да јадете овес. Овесна каша со овошје како банана или јагоди ќе ви даде 1 до 2 грама растворливи влакна (Дневно треба да внесувате 20 до 35 грама растителни влакна, од кои 5 до 10 да бидат растворливи). Јачменот има слични својства како овесот, а плус е добар за срцето.
Мешункаст зеленчук
Богат со растворливи растителни влакна, мешункастиот зеленчук е одличен за заситување на чувството на глад, па нека биде неизоставен дел на вашиот ручек или вечера. Јадете го во салати, чорби или како варен прилог.
Модар патлиџан и брокула
Содржат малку калории, а богати се со растворливи влакна
Јаткасти плодови
Многу истражувања покажуваат дека исхраната богата со бадеми, ореви, кикирики и друго јаткасто овошје е добро за срцето. Оваа храна исто така е добра за намалување на холестеролот. Доволно е да внесете 57 грама од овие плодови во текот на денот и ќе го намалите „лошиот“ холестерол за 5%.
Јаболка, грозје, јагоди, портокали, лимони, цитрони
Ова овошје е богато со пектин, тип на растворлива материја што го намалува LDL.
Риба
Најмалку два пати неделно јадете риба која е богата со омега 3 масни киселини. Изберете лосос, ослиќ и други „масни“ риби.
Лук
Дали треба уште да се зборува за поволното дејство на лукот врз организмот? Ако не можете да го поднесете мирисот, побарајте суплементи во вид на капсули.