Суплементи кои не треба да се земаат по 50-тата година

За здраво стареење е важно да се добиваат различни хранливи материи, но некои суплементи не се толку ефикасни како храната кога станува збор за доволен внес на витамини и минерали, а некои може да бидат и опасни. „Храната на прво место“ е мотото на нутриционистката Рејчел Берман, која смета дека храната од природата е секогаш побогата со минерали отколку со суплементи.

Ова се 5 суплементи кои не треба да ги користите по 50-татат година:

1. Фолна киселина

Едно истражување покажа дека премногу фолна киселина може да предизвика проблеми поврзани со витаминот Б12, т.е. неговиот недостаток во телото што може да резултира со проблеми како што се анемија и невролошки оштетувања.

„Постои загриженост дека некои луѓе можеби земаат премногу фолна киселина од различни извори и сакавме да откриеме дали има причина за таа загриженост. Резултатите покажуваат дека повисоките нивоа на фолна киселина може да доведат до метаболички дисбаланси што доведуваат до сериозен дефицит на витамин Б12. Нема потреба да се грижите за консумирање на замената, но постои загриженост доколку се користи во преголеми количини“, наведува д-р Ралф Грун, професор по патологија.

2. Ризични хормонски терапии

Хормонските терапии како хормонот за раст (ХГХ) може да бидат опасни, предупредуваат експертите.

„Лудо е што некои луѓе мислат дека можат да си ги препишат овие токсични хормони, а студиите покажуваат дека зголемувањето на нивото на овој хормон доведува до зголемен ризик од срцеви заболувања, дијабетес и рак“, предупредува д-р Томас Перлс, професор по медицина.

3. Додатоци кои го запираат стареењето

Ваквите производи не се докажани како ефикасни, предупредуваат експертите, а многу од нив не се регулирани од агенциите за храна и лекови.

„Многу лекари сами ги продаваат своите производи против стареење често по високи цени“, вели д-р Перлс. „Не знаеме што можеме да направиме, но тие можат да бидат штетни“, рече д-р Винифред Роси, директор на Националниот институт за стареење.

4. Витамин Е

Витаминот Е често се наоѓа во додатоците за здравјето на мозокот, но премногу од него може да биде опасно. „Високите дози на витамин Е во суплементите се поврзани со зголемен ризик од смрт“, вели нутриционистот Максин Смит, кој предлага овој витамин да го земате преку храната; јаткасти плодови, зелен лиснаст зеленчук.

5. Суплементи за сексуално здравје

Треба да се избегнуваат производи кои се продаваат без рецепт, предупредуваат експертите.

„Производите кои ветуваат поуспешен сексуален живот се промовирани веќе еден век, а на самиот почеток на продажбата се рекламираа без никакви докази за добри перформанси“, вели д-р В. Стивен Преј.

„Некои производители ќе тврдат дека имаат научни докази за нивниот производ, а јас ве советувам кога ќе видите таков натпис - бидете внимателни бидејќи овие тврдења често се лажни“, додава тој.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе