Сведоци на судењето за 27 април: Ристовски и Јанакиески не организираа партиски членови за учество на протестите

Скопје, 15 јануари 2021 (МИА) – За време на протестите на „За заедничка Македонија“ обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески немале никаква функција во ВМРО-ДПМНЕ, ниту организирале партиски членови да учествуваат на овие протести, кажаа повеќе сведоци предложени од одбраната на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски, на прашање дали за време на протестите „За заедничка Македонија” комуницирал со Спиро Ристовски и Миле Јанакиески за нивно организирање или поддршка, одговир „не“, додавајќи дека немал потреба ниту да комуницира, бидејќи тие тогаш немале никаква функција.

– Никогаш како градоначалник, ниту ми било поставено прашање за поддршка и учество на протестите. Јас лично никогаш не сум бил на тие протести, а никогаш како градоначалник ниту сум го поставил тоа на вработените во Општината, тоа си било нивна лична граѓанска одлука, изјави Митровски.

Владо Мисајловски, кој во 2016 година беше министер за транспорт и врски, прашан каков став имал Општинскиот комитет на партијата за протестите на „За заедничка Македонија”, рече дека секој си одлучувал сам дали ќе ги поддржи собирите што ги организира „За заедничка Македонија” и дека партијата немала ништо со тие протести.

Мисајловски апсолутно негираше дека како министер влијаел врз вработените во администрацијата да излезат на протестите.

Претходно беа сослушани повеќе сведоци, кои во 2016 година биле членови на месни, централни или Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а кои сведочеа дека Спиро Ристовски и Миле Јанакиески не биле членови на Извршниот или Централниот комитет, ниту дека некогаш биле контактирани од нив за учество или организирање превоз на симпатизери на партијата за протестите пред Собранието.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе