Светска банка: Глобалната економија годинава би можела да падне во рецесија

Светската банка денеска ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст.

Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7% во 2023 година, што, без рецесиите од 2009 и 2020 година, е најниската стапка во речиси три децении, се вели во извештајот на Светска банка.

Во претходниот Извештај за глобалните економски изгледи, објавен во јуни 2022 година, банката прогнозираше глобален раст во 2023 година од 3,0%.

Сепак, како што е соопштено, има големо забавување во развиените економии, вклучително и прогнозираните остри намалувања од 0,5% и за САД и за еврозоната, што може да навести нова светска рецесија помалку од три години по минатата.

– Со оглед на чувствителните економски услови, секое дополнително негативно влијание, како што е инфлација повисока од очекуваната, наглото зголемување на каматните стапки за нејзино смирување, повторното оживување на пандемијата со COVID-19 или ескалација на геополитичките тензии - може да ја турнат глобалната економијата во рецесија, предупредува Светската банка.

Темната перспектива ќе биде особено тешка за пазарите и економиите во развој, бидејќи тие се борат со големиот товар на долгови, слабеењето на валутите и растот на приходите, како и забавувањето на деловните инвестиции, кои се предвидува дека ќе растат со годишна стапка од 3,5% во наредните две години, што е за половина пониско отколку во последните две децении.

– Забавувањето на растот и деловните инвестиции ќе имаат поразителни последици врз образованието, здравството, сиромаштијата и инфраструктурата, вклучително и зголемените барања од климатските промени, рече претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас во изјавата.

Растот на Кина во 2022 година падна на 2,7%, што е втор најнизок резултат од средината на 70-тите, со исклучок на 2020 година, кога наспроти пандемијата со COVID-19 дојде до превирања на пазарот на недвижнини и сушата кои ја погодија потрошувачката, производството и инвестициите, се вели во извештајот на Светска банка.

Се предвидува закрепнување на растот до 4,3% за 2023 година, што е за 0,9 процентни поени под јунската прогноза.

Светска банка забележува дека некои инфлаторни притисоци почнаа да се намалуваат кон крајот на 2022 година поради пониските цени на енергијата и суровините, но и покрај новите ризици основната инфлација може да потрае.

Ова може да доведе до тоа централните банки да реагираат со зголемување на каматните стапки повеќе од очекуваното во моментов, што дополнително ќе го забави глобалниот економски раст, се додава во соопштението.

Светска банка побара поголема поддршка од меѓународната заедница за земјите со ниски приходи кои се изложени на зголемен ризик од должничка криза.

Потребни се нови финансиски концесии и грантови заедно со искористување на приватниот капитал и домашните ресурси за да се помогне во зголемувањето на инвестициите во климатската адаптација, човечкиот капитал и здравјето, се вели во извештајот.

Одборот на извршни директори на Светска банка оваа недела ја разгледува новата „развојна мапа на патот“ за институциите во насока на проширување на кредитните капацитети насочени на климатските промени и другите глобални кризи.

реклама

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе