СЗО: Новиот сој на коронавирус не е вон контрола

Новиот сој на коронавирусот откриен во Велика Британија, што брзо се шири, „не е вон контрола“, соопшти денеска Светската здравствена организација, повикувајќи да се преименуваат досегашните проверени мерки.

– Имавме фактор РО (стапка на репродукција на вирусот) многу поголем од 1,5 во разни моменти во оваа пандемија и ја совладавме. Според тоа оваа ситуација во таа смисла не е вон контрола, изјави директорот за итни здравствени ситуации при СЗО, Мајкл Рајан.

Неговата изјава уследи откако британскиот министер заздравство Мет Хенкок вчера оцени дека „новиот вид коронавирус „е вон контрола“.

– Мерките што во моментот постојат се добри. Треба да продолжиме да го правиме тоа што го правевме досега. Можно е да биде потребно поинтензивно и подолго време да работиме за да се осигураме дека можеме да го совладаме овој вирус, истакна Рајан.

Голем број држави од вчера ги затворија границите со Велика Британија и со Јужна Африка поради појавата на новиот сој на коронавирусот, со цел да се избегне негово ширење. 

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе