СЗО повторно повика на продолжување на вакцинацијата со AstraZeneca

Светската здравствена организација денеска повторно повика на продолжување на имунизацијата со вакцината на AstraZeneca, неколку часа пред изјаснувањето на Европската агенција за лекови (ЕМА) за таа вакцина против коронавирусот.

Советодавниот комитет на СЗО за безбедност на вакцините утре треба да објави проценки за вакцината на AstraZeneca.

– Во моментов, придобивките од вакцината на AstraZeneca се многу поголеми од ризиците и нејзината употреба треба да продолжи за да се спасат животи, рече на прес-конференција директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

ЕМА попладнево треба да направи проценка на вакцината на AstraZeneca откако неколку земји од Европската Унија престанаа да ја користат поради појава на тромб кај луѓе кои примиле доза од таа вакцина.

– Пријавување потенцијални несакани ефекти е рутина во кампањите за вакцинација. Ова не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцинирањето, рече Клуге.

Тој додаде дека „засега не е познато дали некои или сите случаи се предизвикани од вакцината или од други фактори“.

– СЗО ги проценува најновите безбедносни податоци и потоа ќе ги објави резултатите, истакна Клуге.

Тагови
реклама

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Свет

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Read more

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе