СЗО размислува за „дигитални имунитетски пасоши“ за патниците

Светската здравствена организација (СЗО) не им препорачува на државите да издадат „имунитетски пасоши“ на оние кои се опоравиле од COVID-19, но размислува да воведе електронски сертификати за вакцинација, како што се оние што ги развива во соработка со Естонија.

Естонија и агенцијата на ООН започнаа пилот проект во октомври за дигитален сертификат за вакцинација како дел од иницијативата COVAX, чија цел е да се промовира вакцинацијата против коронавирус во земјите во развој.

Почетокот на вакцинацијата е сѐ поблизу откако Велика Британија ја одобри вакцината на Pfizer завчера, а Moderna и AstraZeneca побараа вонредно регулаторно одобрување во САД и ЕУ.

„Интензивно размислуваме како да ја искористиме технологијата како одговор на пандемијата и еден начин е е-потврда за примена вакцина “, рече Сидарта Дата, шеф на одделението на СЗО за болести што можат да се спречат со вакцини.

Естонија започна со тестирање на „дигиталниот имунитетски пасош“ на почетокот на оваа година за да ги следи луѓето кои се опоравиле од COVID-19 и имаат одреден имунитет, иако сè уште е под знак прашалник дали се заштитени и колку долго.

Друг висок службеник на СЗО, Кетрин Смолвуд, вчера изјави дека агенцијата е против тие пасоши како средство за нормализирање на патувањата во странство.

„Ние не препорачуваме ‘имунитетски пасоши’, ниту тестирање како средства за спречување на прекугранично пренесување на коронавирус“, рече Смолвуд, повикувајќи ги државите да ги засноваат препораките за патувања на податоците за пренос на COVID-19.

Таа додаде дека брзите тестови, врз основа на кои некои авиокомпаниите одлучуваат кои патници ќе се качат во авионот, а кои не, се „помалку погоден“ начин за продолжување на меѓународните патувања.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе