СЗО: Смртноста од COVID-19 е значително потценета ширум светот

Скоро половина од над 3,4 милиони смртни случаи од COVID-19 пријавени досега ширум светот се случиле во Америките, но вистинските бројки можно е да се поголеми, предупреди во средата Панамериканската здравствена организација (ПАХО).

Минатата недела, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека смртноста од COVID-19 е значително потценета ширум светот.

„Според новите проекции, многу повеќе луѓе умираат од компликации поврзани со COVID-19, или од индиректните ефекти на пандемијата, како што се нарушувања на основните услуги, кои го загрозија нивното здравје“, рече директорката на ПАХО, Кариса Етјен.

Во 2020 година, бројот на починати достигна 1,8 милиони, но сега се проценува дека вистинскиот број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот е близу три милиони луѓе, што е скоро двојно повеќе од минатата година.

„Загрижувачки е што половина од овие смртни случаи се случија овде во Северна, Централна и Јужна Америка, што покажува прекумерно влијание на оваа пандемија во нашиот регион“, рече Етиен.

Минатиот петок, бројот на смртни случаи од COVID-19 во Латинска Америка надмина еден милион, а пандемијата се влошува во регионот со најголема стапка на смртност по глава на жител во светот.

Директорката на ПАХО рече дека заразените и починатите од COVID-19 во Латинска Америка достигнале алармантно високо ниво, а земјите од регионот минатата недела се најдоа меѓу првите пет во светот.

Чиле, Перу и Парагвај забележаа пад на бројот на нови инфекции, но Уругвај, Аргентина и Бразил повторно бележат зголемување на случаите, додека Боливија бележи драстично зголемување на смртноста, рече таа. Многу луѓе во регионот веќе не се придржуваат до мерките против COVID-19, предупреди Етјен, а ПАХО предупреди дека пристигнала нова закана.

Индискиот сој на коронавирус е откриен во десет сојузни држави во САД, главно поврзан со меѓународни патувања, рече Силвен Алдигиери, менаџер во ПАХО.

Откриени се случаи во Северна, Централна и Јужна Америка, како и на Карибите, иако ниту еден пренос во заедницата не е поврзан со овој сој, рече тој. Иако е позаразна, не постојат докази дека индиската варијанта е посмртоносна од оние соеви што веќе ги има во Америките.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе