СЗО свикува состанок за новиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) ќе свика состанок на членовите за да разговара за стратегиите за борба против новиот, заразен сој на коронавирус што се појави во Велика Британија, изјави денеска шефот на СЗО за Европа.

Тој не го прецизираше датумот на состанокот.

„Ограничувањето на патувањата за борба против ширењето на вирусот е мудро додека не добиеме повеќе информации. Синџирите за снабдување со најосновните производи и неопходните патувања треба да продолжат да бидат на располагање“, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуж на Twitter, повикувајќи на засилени превентивни мерки.

Женевското тело вчера соопшти дека новиот сој на коронавирус откриен во Велика Британија, за кој се покажа дека се шири побрзо од претходната варијанта, „не е надвор од контрола“.

Не предизвикува потешки форми на болеста или повеќе смртни случаи

Марија Ван Керхове, технички менаџер на СЗО за COVID-19, рече дека новиот сој на коронавирус, иако позаразен, не предизвикува потешки форми на болеста или повеќе смртни случаи, повикувајќи се на британски анализи.

СЗО исто така објави дека наскоро очекува повеќе детали за можното влијание на новиот многу заразен сој на коронавирус, додека голем број земји ги затворија границите за патување од Велика Британија од страв од неговото ширење.

Новиот сој што ја вознемири Велика Британија е откриен и кај лица во Австралија, Исланд, Италија и Холандија, а имало и неколку случаи во Данска.

СЗО: Нормална етапа во еволуцијата на пандемијата

СЗО посочи дека ова е нормална етапа во еволуцијата на пандемијата.

Во изјавата објавена вчера, СЗО повтори дека сè уште нема доволно информации за да се утврди дали новиот сој може да влијае на ефективноста на вакцината и рече дека тестирањата се во тек.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе