СЗО: Вирусот е многу активен, не е време за олеснување на мерките

Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „олабави одбраната“ во однос на пандемијата на COVID-19, изјави денеска претседателот на комитет Дидjе Усeн.

– Ситуацијата со пандемијата на COVID-19 е далеку од завршена, рече тој во Женева.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, истакна дека врз основа на таа проценка, тој го задржал највисокото ниво на тревога на СЗО на меѓународно ниво поради COVID-19: „состојба на итна ситуација за јавното здравје“.

– Констатирано е дека ситуацијата со пандемијата на COVID-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот сè уште е многу активна, смртноста сè уште е висока и вирусот се развива на непредвидлив начин, рече Усен.

Сепак, се поголем број земји ги укинаа сите или дел од здравствените ограничувања воведени за борба против вирусот.

– Ова не е време за намалување на одбраната од вирусот, не треба да се откажеме од надзорот, тестовите и пријавувањето, не треба да ги ублажуваме социјалните и здравствените мерки и не треба да се откажеме од вакцинацијата, рече претседателот на Комитетот за вонредни состојби на СЗО.

Претседателот на СЗО Тедрос рече дека добрата вест е што во светот минатата недела е регистриран најмал број на смртни случаи од COVID-19 од почетокот на пандемијата. Сепак, тој нагласи дека некои земји сè уште минуваат низ врвовите на инфекцијата што врши притисок врз нивниот болнички систем.

Тој оцени и дека регистрирањето на трендовите е загрозено со намалувањето на бројот на извршени тестови.

Според најновиот неделен извештај на СЗО за епидемиолошката состојба, објавен вчера, бројот на заболени од COVID-19 продолжува да опаѓа трета последователна недела, за 24% од 4 до 10 април во споредба со претходната недела. Бројот на починати, исто така, падна за 18% во однос на претходната недела.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе